Битола

Дебата во Битола за социјални предизвици

24.06.2022 17:51

Еден од главните приоритети на француското претседателство со Советот на ЕУ е воспоставување на модел Европа да биде голем контингент на производство, иновации создавање на нови работни места и подобра заштита во поглед од ризикот на појава на „социјален дампинг“. Во таа насока во Битола денеска се одржа конференцијата под наслов „Социјални предизвици“...

Француската визија во поглед на силна Европа е долга традиција. Здравствената, економската, енергетската а и воената криза ни потврдија дека треба да се зацврстува европската сила и моќ. Стариот континент да стане помалку зависен од останатите делови на светот на економски план со капацитети на сопствено производство во стратешките сектори пред сè за енергетскиот. Европа е најчесто критикувана поради социјалниот модел којшто без сомнение е најнапредниот во светот и сериозен исчекор направи за време на француското претседателство рече францускиот амбасадор Бомгартнер.

„Работевме на зајакнување на моделот социјална Европа затоа што тоа е нашето заедничко добро. Постигнавме историски договор за минималната плата и за застапеност на жените во управните одбори на компаниите. Дадовме сериозен придонес кон еколошките стандарди“, изјави Сирил Бомгартнер амбасадор на Франција во Македонија.

Искуствата покажале дека едностраното делување не води кон решавање на проблемите и обезбедувањето на социјалната стабилност од взаемен интерес.

Дека дијалогот најчесто дава резултати е и вчерашната одлука на битолската локална самоуправа.

Инаку ова беше четвртата и последна конференција на оваа тема во земјава на недела дена од крајот на претседателствувањето на Франција која ќе го предаде на Чешката Република.

Стевче Митревски