Норвешка

Загинати и повредени во напад во центарот на Осло

25.06.2022 10:06

Две лица загинаа, а 14 се повредени, од кои некои потешко, во пукање во ноќен клуб во центарот на Осло...

Две лица загинаа, а 14 се повредени, од кои некои потешко, во пукање во ноќен клуб во центарот на Осло. Еден осомничен е уапсен и запленети биле две парчиња оружје за пукањето.

Полицијата верува дека осомничениот е единственото лице вклучено во престрелката.

Не е соопштен мотивот за нападот, но полицијата престрелките ги третира како терористички напад.