Украина
Киев нареди повлекување од Северодоњецк
25.06.2022 10:08
Источниот град претрпе неколку недели бомбардирање додека руските сили се обидуваат да преземат целосна контрола врз регионот...

Според висок регионален претставник на украинските сили им е наредено да се повлечат од Северодоњецк.
Источниот град претрпе неколку недели бомбардирање додека руските сили се обидуваат да преземат целосна контрола врз регионот.
Украинското повлекување би било значајно бидејќи ќе го остави Луганск под руска контрола, освен градот Лисичанск.
