Ердоган со обвинувања до „Твитер“ за затајување данок
13.04.2014 17:39
Турскиот премиер Ердоган повторно ја нападна социјалната мрежа „Твитер“, овој пат обвинувањата се дека затајувала данок.

Според него покрај Твитер и Јутјуб и Фејсбук, ја избегнувале обврската да плаќаат данок со цел да остварат сопствен профит. Уставниот суд пред десет дена ја повлече забраната за блокада на Твитер, но турскиот премиер порача дека со таквата одлука се заштитуваат „меѓународните компании", а не државата.
