Античка Стибера открива градби од македонскиот период
Најпознатиот антички град во земјава со мермерни статуи, Стибера кај Прилеп, кого археолозите го нарекоа македонска Помпеја постојано открива нови сознанија. Годинава се потврди претпоставката на археолозите дека крие градби од македонскиот период. Едно од загрижувачките прашања за истражувачите и за зачувувањето на културното наследство е сопственоста на земјиштето...

Античка Стибера на археолозите годинава конечно им потврди- во основата на римските градби на големиот град од 20. 000 жители се градбите на последните македонски кралеви. И не само тоа, римските градби се од истиот материјал од кој биле македонските.
Археолозите открија и движни наоди кои ја зголемуваат збирката на артефакти за некогашниот богат град.
Државата имала административни предлози-замена на земјиштето. Но жителите од блиското село Чепигово иако дозволуваат ископувања, кои потоа мора да се затрупаат, си го ценат имотот. Ако не се најде заеднички јазик, културното наследство е под знак прашање.
Стибера бил голем град од 3-ти и 4-ти век пред нашата, до 4-ти век од нашата ера. Зенитот го достигнал во првите два века од новата ера.
Елизабета Митреска
