Масовни протести во САД против забраната на абортус
По одлуката на Врховниот суд, почна затворањето на клиниките за абортус во САД. Во поголемите градови, масовни протести и нереди. Се вративме 150 години назад, оцени претседателот Бајден. За Ватикан одлуката е „предизвик за светот“...

Демонстрации и нереди во поголемите американски градови по одлуката на Врховниот суд со која се поништи уставното право на абортус. Почна затворањето на клиниките за абортус.
„Овде во клиниката е навистина тажен ден. Сè уште има многу непознати работи во однос на тоа што значи тоа за пристап за нашите пациенти. Среќни сме што во моментов пристапот е заштитен овде во државата Канзас“, изјави Д-р Ребека Таубженска клиника во Канзас.
Бајден побара од американскиот парламент да го врати правото на прекинување на бременоста: „Се вративме назад 150 години“ – изјави американскиот претседател.
„Милиони жени во Америка остануваат без здравствената заштита и репродуктивната нега што нивните мајки и баби ја имале 50 години. Ова е првпат во историјата на нашата нација да му се одземе уставно право на народот на Америка. Силата на нашата нација отсекогаш била во тоа што одиме напред. Ги повикувам сите луѓе да застанат заедно во одбрана на еден од најфундаменталните идеали и принципи што сме го чувале со генерации, со векови“, изјави Камала Харис, потпретседателка на САД.
7 држави го забрануваат абортусот по пресудата, а уште 7 ќе го направат тоа во следните 30 дена. Протести пред Врховниот суд на САД, стотици луѓе излегоа на улиците во Њујорк неколку часа по одлуката.
„Бев жртва на силување и лесно можев да бидам погодена и јас“.
„Лично имав две многу блиски личности кои имаа абортуси. Едната имаше абортус од насилна врска.“
„Јас и моите колеги овде во Тексас видовме што точно се случува кога на луѓето не им дозволувате абортус, некому кому му треба. Тоа е срцепарателно се случува, а се случува секој ден“.
„Законот отиде толку далеку што ќе им кажете на луѓето кои биле силувани дека сега немаат избор“.
„Многу сум среќна во моментов“, вели активист за борба против абортусот.
Поединечни држави сега ќе можат слободно да ги спроведуваат своите закони по ова прашање, а во Мисури забраната е веќе реалност. Врховниот суд ја донесе одлуката со 6 гласа за и 3 против. Папската академија за живот ја пофали одлуката на Врховниот суд, велејќи дека пресудата е „предизвик за целиот свет“ за животни прашања.
Марина Ристова
