Котевски: Изборите се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера
13.04.2014 17:45
Седум илјади полицајци се распределени низ територијата на Македонија.

Според МВР, изборниот процес се одвива мирно. Забележано е во текот на вчерашниот ден прекршување на молкот.
Според информациите со коишто расплага МВР, досега не е пријавен никаков посериозен инцидент кој би го нарушил избирачкиот процес, вели помошник министерот во МВР, Иво Котевски.
