Почнува самитот на лидери на Г7
Лидерите на големите сили, вклучувајќи го и американскиот претседател Џо Бајден, од денеска се состануваат во Баварските Алпи на годишниот собир на седумте најиндустриски развиени земји во светот. Континуираната поддршка за Украина, четири месеци по почетокот на руската офанзива, ќе биде во фокусот на средбата, како и на дводневниот Самит на НАТО што ќе почне во вторник во Мадрид...

Лидерите на големите сили, вклучувајќи го и американскиот претседател Џо Бајден, од денеска се состануваат во Баварските Алпи на годишниот собир на седумте најиндустриски развиени земји во светот. Континуираната поддршка за Украина, четири месеци по почетокот на руската офанзива, ќе биде во фокусот на средбата, како и на дводневниот Самит на НАТО што ќе почне во вторник во Мадрид.
Се очекува лидерите на Г7 да разговараат и за „Маршаловиот план“ за обнова на Украина што ќе чини „милијарди“ и ќе вклучи „неколку генерации“. Преку видео врска ќе се обрати и претседателот на Украина Зеленски.
Се очекува да побара повеќе оружје, а истото ќе го направи и на самитот на НАТО. Се очекува Алијансата да претстави планови за заштита на своето источно крило, во непосредна близина на Русија. Тоа засилување ќе биде придружено со нов стратегиски концепт кој подразбира построг став кон Русија и кој за првпат ги споменува предизвиците што ги поставува Кина.
Најавата на Анкара дека ќе го блокира приемот на Шведска и Финска во НАТО, фрла сенка на очекуваното прикажување на единство меѓу сојузниците.
