Украина

Експлозии во главниот град на Украина

26.06.2022 10:06

Повторно експлозии во украинскиот главен град Киев. Погоден е станбен комплекс во близина на центарот на градот. Претседателот Зеленски рече дека Украина била погодена од 45 руски проектили во последните 24 часа. Истакна дека земјата ќе ги врати сите градови што ги зазеле русите, вклучително и Северодоњецк...

Повторно експлозии во украинскиот главен град Киев. Погоден е станбен комплекс во близина на центарот на градот.

Претседателот Зеленски рече дека Украина била погодена од 45 руски проектили во последните 24 часа. Истакна дека земјата ќе ги врати сите градови што ги зазеле русите, вклучително и Северодоњецк.

„Ова е многу тешка фаза од војната, морално и емотивно тешка, кога знаеме дека непријателот нема да успее, кога сè уште разбираме дека можеме да ја одбраниме нашата земја, но не ја чувствуваме временската рамка на тоа. Не се работи само за уништување на нашата инфраструктура. Тоа е исто така циничен, пресметан притисок врз емоциите на нашиот народ, но ние нема да бидеме под притисок. Ниту еден руски проектил, ниту еден удар не може да го скрши духот на украинците“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.