Велешко има 80 спомен обележја од НОБ, дел од нив се заборавени потребна е грижа за нив
Народниот музеј изврши увид во зачуваноста на спомен обележјата од НОБ на територијата во велешко. Откако за нив не се грижи сојузот на борците потребно е општините да ја преземат таа обврска, за истите да не бидат запустени и заборавени...

Во Велешко има 80-тина споменици, спомен обележја, спомен бисти, кои се посветени на борбите и загинати во НОБ. Ова го покажа проектот кој го реализираше Народен Музеј Велес, за во каква состојба се истите. Велес и велешко дале голем придонес во НОБ и затоа се подигнати толкав број спомен обележја.
Проектот е реализиран со финансиска поддршка на Министерството за култура. Поголемиот број од спомен обележјата се на територијата на Општина Чашка, оти натаму, партизанските одреди имале голем број дејствија и во знак на сеќавање се подигнати голем број споменици од времето на НОБ. Потреба е грижа за овие спомен обележја, бидејќи времето го прави своето.
Во спомен обележја спаѓаат и спомен Костурницата на падната борци од НОБ во Велес, Спомен куќата на поетот и револуционер Коста Солев Рацин, како и петте спомен куќи во селото Горно Врановци во кои есента 1944-та, биле седиштето на највисоките партиски, државни и воени тела на веќе формирана Федерална Македонија.
За овие споменици до неодамна се грижеше Сојузот на Борците од НОБ, кое последните години не функционира, па тие сега се оставени на забот на времето и сеќавањата.
Петар Печков
