Крушево домаќин на летниот фестивал
По шести пат во Крушево се одржува фестивалот „Whеn in Krusevo“. По пандемските ограничувања годинава во најголем број се вратија вљубениците во природата, во алтернативните активности. Бесплатна е и посетата на музеите. Во летните горештини, убаво е да се биде во Крушево...

Планинарење, кајакарење, трчање, летање со параглајдер, јога, јавање на коњи. Шеста година по ред се одржува фестивалот „Кога си во Крушево“. Преку 600 учесници уживаат во природните убавини, знаменитостите и во дружењето. Се враќа алтернативниот туризам во полн ек по двегодишните пандемски ограничувања.
Втора година се одржува и трката на 5 километри, догодина можеби ќе се трча и двојно повеќе.
Фестивалот „Кога си во Крушево“ ја исполнува целта – ги привлекува луѓето да рекреираат, но и да живеат поздраво.
Фестивалот ја отвори сезоната во алтернативните спортови во Крушево, меѓународните натпревари во параглајдерство и змејарство.
Елизабета Митреска
