Трибина ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Едностран договор, на штета на државата

26.06.2022 17:08

Македонската Влада знаела за францускиот предлог, но не и Собранието, тврди Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ. Бара од Ковачевски, Османи и Маричиќ да ги објави записниците од разговорите тајно водени за францускиот предлог. Во СДСМ уште еднаш повторија: не отстапуваме од македонските црвени линии...

Недозволиво е што извршната власт преговараше за францускиот предлог во затворен круг од неколкумина без да се информира парламентот и професионалните дипломати. Поради некомпетентноста на Ковачевски, Османи и Маричиќ земјата сега е во ќорсокак рекоа говорниците на трибината на ВМРО – ДПМНЕ, ќе има ли владина одговорност за трајното нарушување на националните интереси.

Владата тешко дека сега може да ги заштити националните интереси. Збунети се и нашите поддржувачи во Унијата од што да не одбранат кога самите не ги браниме сопствените интереси. Извршната власт направи низа грешки со кои се урива македонскиот идентитет и затоа треба да поднесат оставки, рекоа говорниците.

Мора да го надградуваме македонскиот вредносен систем бидејќи, како што беше речено на трибината, во следните 12-13 години ЕУ ќе нема нови членки. Дотогаш треба да ја градиме стратегијата и концептот, како да ги подобриме европските перформанси.

Миле Ристески