Свет

Колумбија: Шест жртви при уривање на трибина за борба со бикови

27.06.2022 09:37

Шест лица загинале, а уште 150 други се повредени откако се урна трибина на импровизирана арена за борба со бикови во градот Еспинал, Колумбија. Властите прогласија вонредна состојба...

Шест лица загинале, а уште 150 други се повредени откако се урна трибина на импровизирана арена за борба со бикови во градот Еспинал, Колумбија.

Властите прогласија вонредна состојба. Во некои региони за време на „Корелахата“ – позната како колумбиската верзија на корида – е забрането да се убиваат животите. Изморените бикови се изведуваат од арената и се заменуваат со нови.