Свет

Иран повторно го тестираше сателитскиот лансер „Зулџана“

27.06.2022 09:51

По втор пат, Иран ја тестираше сопствената ракета - сателитскиот лансер „Зулџана“. Според државните медиуми, пробата била извршена за истражувачки цели...

По втор пат, Иран ја тестираше сопствената ракета - сателитскиот лансер „Зулџана“.

Според државните медиуми, пробата била извршена за истражувачки цели.

САД претходно изразија загриженост за иранската сателитска програма, но Техеран и натаму тврди дека обвинувањата од западните земји се неосновани.