Синдикалците со блокада кај Автокоманда
Синдикалците го блокираа влезот на Скопје на крстосницата кај Автокоманда. Доколку и натаму се нема слух за нивните барања на дневно ниво, претседателството секој ден ќе решава за порадикални мерки, велат од ССМ. Бара усогласување на платите и зголемување за 2.806...

Празен булевар на главниот влез во Скопје. Само оние со алтернативни превозни средства утрово успеаја да поминат низ групата синдикалци која денеска протестираше на улица.
Четвртиот ден од протестите на ССМ од влезот во Автокоманда, за да испратат порака дека не се откажуваат од своите барања и на пратениците од внатрешноста кои денеска мораа да најдат начин како да стигнат на работа.
Синдикалците упатија благодарност до оние општини што одлучиле да исплатат по 2.860 денари плус на административците. Велат, ќе протестираат сè додека тоа не го сторат сите.
ССМ почнаа со генерален штрајк минатата среда од пред Собранието, продолжија пред Влада па пред Министерството за финансии. По блокирањето на главниот влез во Скопје, утре најавија дека ќе протестираат пред Министерството за труд и социјална политика.
Катерина Топалова
