Специјално за претседателските избори, МРТ го отвара виртуелното студио
13.04.2014 17:29
Гледачи ќе можат сите статистики поврзани со изборите да ги следат на најмодерен софистициран начин...

Специјално за денешните претседателски избори, МРТ го отвора виртуелното студио каде што нашите гледачи ќе можат сите статистики поврзани со изборите да ги следат на најмодерен софистициран начин.
Ова студио е инаку графичка поддршка на отворената програма на Македонската телевизија која што почнува веднаш по завршувањето на изборниот процес во 19 часот.
