Нови офицери на Армијата
Промовирани 29 поручници за службите во Армијата во областа на инженерските науки и технологии, информатика, архитектура, сообраќај, ветерина, психологија, економија и право. Како земја членка на НАТО, Армијата создава свои кадри за специјализираните служби...

Македонската армија доби нови 29 поручници.
Кандидатите со завршен прв циклус на студии по машинство, електротехника, компјутерска техника, архитектура, градежништво, медицина, прехранбена и текстилна технологија, сообраќај, психологија, економија и право, имаа шестмесечниот курс за стручно оспособување, ги поминаа сите потребни квалификации и беа промовирани во офицери за службите на Армијата.
Овие 29 поручници својата обука ја завршија во Македонија а понатаму ќе можат да се наградуваат на тренинзи и обуки и во некоја од земјите сојузнички на НАТО.
Ирина Гелевска
