Македонија

Омбудсманот и Адвокатската комората потпишаа меморандум за заштита на жртвите од тортура

27.06.2022 15:23

Во полициските станици речиси да нема листи на адвокатите кои треба согласно законот да ги заштитуваат уште во првата фаза приведените или лишените од слобода, констатирал омбудсманот. Во неколкуте, пак, каде има листи тие не се ажурирани...

Во полициските станици речиси да нема листи на адвокатите кои треба согласно законот да ги заштитуваат уште во првата фаза приведените или лишените од слобода, констатирал омбудсманот. Во неколкуте, пак, каде има листи тие не се ажурирани. Заради тоа само 5 проценти од приведените или лишените и 15 проценти од задржаните лица го искористиле правото на адвокатска заштита. Народниот правобранител детектира дека ова се должи на тоа што адвокатите кои треба да одговорат на повикот меѓу 20 часот до 06 наутро не биле плаќани од државниот Буџет, иако е тоа пропишано со Законот за кривична постапка.

Од Адвокатската комора потсетија дека има колеги кои работат и пробоно, но сепак тоа не е гаранција за ефикасна заштита на приведените или задржаните лица.

Омбудсманот и Адвокатскаа комората потпишаа меморандум за заштита на жртвите од тортура заради како што велат од таму формализирање на дејствијата и активностите кои ќе се преземаат од двете страни.

Фиљана Кока