ВМРО - ДПМНЕ бара од Џафери да се зборува за францускиот предлог
Опозициската ВМРО – ДПМНЕ бара од спикерот Џафери да се зборува за актуелната состојба и предизвиците со Бугарија и поднесениот француски предлог. Првиот парламентарец смета дека нема материјали, но според опозицијата материјали постојат уште од петокот доставени до собранието. Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ го поддржува и левица. Во четврток на пленарна ќе се разгледува интерпелацијата за спикерот Џафери...

Да се разговара за разговорите со Бугарија, францускиот предлог и заклучоците на Европскиот совет, побара координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Мицески, на почетокот на новата пленарна. Смета дека за тоа мора да бидат информирани пратениците. Опозицијата побара присуство на владините претставници.
Спикерот Џафери појасни дека нема доставени материјали за кои би се дискутирало.
Наспроти него, Мицевски го тврдеше спротивното, но и официјално достави барање од група пратеници, со цел проблемот со бугарското вето да се разгледува во собранието. Го поддржа и Левица.
Интерпелацијата за спикерот Џафери, поднесена од ВМРО-ДПМНЕ, ќе се разгледува на пленарна в четврток.
Миле Ристески
