Станови и вработување за децата без родители

22.11.2013 12:59

Вселувањето  во новите 40 станови, на децата без родители кои до 18 години,  биле социјално згрижени и живееле во државна институција како што најави Владата ќе им биде овозможено од пролетта 2014 година, изјави денеска Премиерот Никола Груевски на отворањето на спортската сала во Лисиче. На децата без родители Владата повторно ќе им понуди вработувања, а досега има вкупно 83 вработени лица.

Груевски исто така најави и нови реконструкции на болниците во Штип, Кичево, Детската болница во Козле и ПЕТ центарот како и започнување на изградбата на новиот Клинички центар во Скопје во пролет 2014.