Фудбал, Првенство на Македонија, 27.коло

Брегалница шокирана од Македонија ЃП

13.04.2014 18:54

Изненадувачки резултат во последниот натпревар од 27-то коло во домашниот фудбалски шампионат. Иако бодовите и беа насушно потребни во борбата за избегнување преселба во понизок ранг, Брегалница попладнево дома загуби од Македонија ЃП со 2-1 и практично речиси ја обезвредни минатонеделната победа на гости против Шкендија.

Штипјани прокоцкаа златна шанса за фаќање приклучок со безбедната зона на табелата, особено што попладнево поведоа со голот на Наумов во 15-та минута.. Лавовите од западната скопска населба изедначија само 12 минути подоцна преку Бојку, додека победоносниот погодок за нив го постигна Јанчевски во 90-та минута.

Прва фудбалска лига, 27.коло

Брегалница – Македонија ЃП          1-2

Пелистер – Металург                       1-3

Хоризонт – Напредок                       4-0

Еуромилк – Шкендија                      0-2

Работнички – Гостивар                    3-0

Вардар – Ренова                                5-1

Табела

1.Работнички 50

2.Вардар 48

3.Хоризонт Турново 47

4.Металург 47

5.Пелистер 47

6.Шкендија 39

7.Брегалница 36

8.Ренова 36

9.Еуромилк ГЛ 32

10.Македонија ЃП 26

11.Напредок 14

12.Гостивар 14