Жестока кавга во Собранието меѓу Адеми од ДУИ и опозициските пратеници од ВМРО - ДПМНЕ
Повод за жестоката кавга, на раб на физичко насилство, беше гласањето на дневниот ред, на кој се најде и Законот за работата на судовите, со кој се предлага работниот век на судиите да се продолжи до 67 години...

Жестока кавга меѓу претседателот на Собраниската комисија за европски прашања и поранешен министер за образование Арбер Адеми со пратениците од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.
Повод за жестоката кавга, на раб на физичко насилство, беше гласањето на дневниот ред, на кој се најде и Законот за работата на судовите, со кој се предлага работниот век на судиите да се продолжи до 67 години.
Пратениците од Алијанса за Албанците и од ВМРО-ДПМНЕ се противат на ваквото решение.
Министерството за труд и социјала предлага продолжување на работен век на судиите до навршувањето 67 години со што би се продолжил работниот ангажман на 60 судии и 13 обвинители кои се на чекор до пензија.
Опозицијата обвини за насилничко однесување на Адеми.
„Поранешниот министер за образование на ДУИ и СДСМ необразовано физички се пресметува со колеги пратеници, демонстрира насилие. Вака се однесува претседателот на КЕП! Понижување, насилство и навреди во Собрание! Македонија наместо Европа стана див запад со ’каубоите‘ од власта!“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
