Собрание

Инцидент во Собранието по несогласувањата околу дневниот ред

27.06.2022 23:08

Жестока кавга меѓу претседателот на Собраниската комисија за европски прашања и поранешен министер за образование Арбер Адеми со пратениците од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ. Повод за инцидентот несогласувања околу дневниот ред. При обидот од опозицијата да ја прекинат седницата Адеми си ја расече раката и фрлаше предмети кон пратениците кои се собраа околу него. Милошоски и ВМРО-ДПМНЕ утре ќе одлучат дали ќе поднесат кривична против Адеми...

Жестока кавга меѓу претседателот на Собраниската комисија за европски прашања и поранешен министер за образование Арбер Адеми со пратениците од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ. Повод за инцидентот несогласувања околу дневниот ред. При обидот од опозицијата да ја прекинат седницата Адеми си ја расече раката и фрлаше предмети кон пратениците кои се собраа околу него. Милошоски и ВМРО-ДПМНЕ утре ќе одлучат дали ќе поднесат кривична против Адеми.

Според Алијанса за албанците, денеска се потврди на дело дека слабата точка на криминализираната власт беше и сè уште е судската власт. Ова не е прв пат да прават насилни сценарија за да го сокријат криминалот, корупцијата, заробеноста на државата.

ВМРО – ДПМНЕ е против функционален судски систем. Според владејачката партија, секогаш кога темата правда е на дневен ред во собранието ВМРО-ДПМНЕ прави тензии, а денес се обиде да испровоцираа и физичка пресметка.

Демократската унија за интеграција најостро го осудува насилството што денес на седницата на Комисијата за европски прашања во Собранието го извршија пратениците на ВМРО ДПМНЕ заедно со пратениците на Алијансата за албанците. Демократската унија за интеграција ги информира граѓаните и пошироката јавност дека Собранието ќе продолжи да функционира во прозападен евро-американски дух и ќе ја поддржи реализацијата на реформската агенда во партнерство со Соединетите Американски Држави и Европската Унија.

Александра Спировска