Собрание

Џафери свика итна координација по инцидентот во Собранието

27.06.2022 23:18

Претседателот на Собранието Талат Џафери, попладнево свика итна координација на која беа поканети сите координатори и претставници на политичките партии во Собранието, соопштуваат од кабинетот на Џафери...

Претседателот на Собранието Талат Џафери, попладнево свика итна координација на која беа поканети сите координатори и претставници на политичките партии во Собранието, соопштуваат од кабинетот на Џафери. На поканата се одзваа координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски, потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски и пратеничката од Алтернатива, Сафије Садики Шаини.

Иако поканети, не присуствуваа претставниците од опозициските партии ВМРО-ДПМНЕ и од Алијансата на Албанците. Џафери ја свика координацијата откако членовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, по цели два часа со процедурални забелешки се спротивставија да се изгласа дневниот ред на Комисијата за европски прашања, кој сепак беше изгласан.

На координацијата беше донесен заклучок дека собранискиот деловник ги дава сите можности за работа на Собранието и не дозволува насилство во која било форма. Исто така се заклучи и тоа дека граѓаните самите ќе проценат од снимките кои се вртат по социјалните мрежи кој го предизвика инцидентот на Комисијата за европски прашања, наведуваат од кабинетот на Џафери. Ниту во земјите членки на Европската Унија не се дозволува насилство врз претседавачот со седница на работно тело на Собранието, стои во соопштението.