МВР

176 сообраќајни прекршоци во Скопје, 52 за брзо возење

28.06.2022 08:40

На територија на град Скопје изречени се вкупно 176 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 52 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, 15 санкции за прекршоци што ги прават пешаците...

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден  продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 176 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 52 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, 15 санкции за прекршоци што ги прават пешаците.

Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон, осум мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, осум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), соопштуваат од МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат. Од МВР со апел до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи.