Свет

Тексас: Во камион пронајдени тела на мигранти

28.06.2022 10:05

Тела на 46 мигранти се пронајдени во приколка на камион во Сан Антонио, Тексас. Ова се смета за еден од најсмртоносните инциденти во трговија со луѓе на границата со Мексико...

Тела на 46 мигранти се пронајдени во приколка на камион во Сан Антонио, Тексас. Ова се смета за еден од најсмртоносните инциденти во трговија со луѓе на границата со Мексико. Поради топлотен удар и исцрпеност беа хоспитализирани 16 луѓе, вклучувајќи и малолетни лица. Полицијата приведе тројца. Во последните месеци е регистриран рекорден број смртни случаи на оваа граница. Многумина, вклучувајќи го и мексиканското МНР вината ја гледаат во имиграциската политика на администрацијата на Вашингтон.