Ковид-19

Франција и Австрија веројатно ќе ги вратат маските

28.06.2022 10:10

Француските власти препорачуваат враќање на маските поради зголемениот број заболени со Ковид-19. Во Австрија мнозинството граѓани инсистираат на ваков чекор...

Француските власти препорачуваат враќање на маските поради зголемениот број заболени со Ковид-19. Мерката се однесува на местата со метеж, вклучувајќи го и јавниот превоз, продавниците и работните места. Во Австрија мнозинството граѓани инсистираат на ваков чекор. Со денови се регистрирани меѓу 7.000 и 9.000 новозаразени, а се предвидува дека оваа бројка ќе продолжи да расте.