Кичево: Протест за социјални станови
Жителите од кичевската населба Иванидол секојдневно на протести. Не дозволуваат да отпочне изградбата на социјални станови наменети за семејства од ромска националност. Велат, граѓаните не смеат да се делат по етничка основа...

Жителите на Иванидол против изградбата на социјални станови за ромски семејства.
После три месеци од првиот протест, жителите од населбата Иванидол во Кичево, деновиве секојдневно протестираат против изградбата на социјалните станови. Тие не дозволуваат да се градат станови за социјално загрозени семејства од ромска националност, бидејќи сметаат дека граѓаните не смеат да се делат по етничка основа.
Револтирани, секојдневно го блокираат отпочнувањето на градежните работи, не дозволуваат механизацијата да работи.
„Ние како жители на населбата Иванидол сме против изградбата на овие социјални станови, наменети за само една етничка категорија, но и против кршењето на правата на останатите на останатите граѓани од социјален ризик, бидејќи во нашата општина Кичево има и наши други жители со ваков статус кои не се од посочената етничка групација“, вели еден жител на Ивандол.
Револтираните жители велат, во Иванидол недостигаат детски градинки, амбуланти, училишта, а не згради со социјални станови наменети само за една етничка заедница.
„Вчера имаше обид да се започне со изградба, ја прекинавме, денеска сме тука, сопственикот што го започна тендерот за градба, најави дека ќе ја гради со лично обезбедување за да не можеме да интервенираме, го повикуваме Фатмир Дехари да дојде во населбата, како настана оваа состојба и како дојде до оваа изградба, вели друг жител на Иванидол.
Ивандолци велат, нема да дозволат отпочнување на градба на 30-те социјалните станови. Побараа средба со градоначалникот Дехари, кој протестот го оцени како политички.
Соња Рилковска
