Затворени избирачките места
13.04.2014 19:27
Според последните податоци што ги објави ДИК, одѕивот до 17:40 часот бил 41,23 %...

Во 19 часот се затворени избирачките места на кои граѓаните на Република Македонија можеа да гласаат на денешните петти претседателски избори. Ова го изјави подпретседателот на Државната изборна комисија, Субхи Јакупи, за отворената програма на МРТ, по повод претседателските избори.
По затворањето на гласачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа.
Право на глас имаа 1.779.572 лица запишани во Единствениот избирачки список. Тие на 3.480 избирачки места можеа да се изјаснат за еден од четворицата кандидати: Ѓорге Иванов од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Илијаз Халими од ДПА, Стево Пендаровски од СДСМ и коалицијата и за Зоран Поповски од коалицијата ГРОМ.
Според последните податоци што ги објави ДИК, одѕивот до 17:40 часот бил 41,23 %.
