Мешовит парламентарен комитет Македонија – ЕУ
Во Собранието состанок на мешовитиот парламентарен комитет на Македонија и ЕУ. Македонските црвени линии се јазикот и идентитетот, вели вицепремиерот Mаричиќ. Брисел признава дека неможноста за почеток на преговорите со Македонија и Албанија, ја намалува поддршката кај граѓаните за членство во Унијата...

Европската унија направи дисбаланс во регионот, кандидатурата за Украина, а вето за Македонија и Албанија, констатација од состанок на мешовитиот парламентарен комитет.
Македонските пратеници со порака до колегите од Европскиот парламент - ЕУ мора да сфати дека нашите црвени линии се јазикот и идентитетот и ако нема скоро почнување на пристапните преговори, останува отворена врата за други влијанија и опаѓање на поддршката за членство во ЕУ.
Еу останува со Северна Македонија, порача евроамбасадорот Гир. Признавајќи дека неможноста за почеток на преговори со Македонија и Албанија, ја намалува поддршката кај македонските граѓани за членство во Унијата. Побара и продолжување со реформите.
Од мешовитиот комитет укажаа дека Европа мора да го вклучи Западниот Балкан, оти само заедно можеме да се спротивставиме на заканите за Европа.
Ирина Гелевска
