Македонија
Дојава за бомба во автобуската станица во Скопје
28.06.2022 14:44
Сомнителен куфер предизвикал вознемиреност на Меѓународната автобуска станица во Скопје. Во СВР Скопје било пријавено дека во кругот во Транспортниот центар во близина на банкомат бил оставен куфер...

Сомнителен куфер предизвикал вознемиреност на Меѓународната автобуска станица во Скопје. Во СВР Скопје било пријавено дека во кругот во Транспортниот центар во близина на банкомат бил оставен куфер.
Полицијата веднаш презела соодветни мерки и активности, направиле проверки. Било утврдено дека нема никаква опасност за граѓаните, а во куферот имало облека, информираат од МВР.
