Димовски: Имавме мирни, фер и слободни демократски избори

13.04.2014 19:50

Генералниот впечаток е дека целата атмосфера помина во најдобар можен ред, оцени вечерва Илија Димовски, директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Имавме мирни, фер и слободни демократски избори, едни од најслободните, најдемократските и најфер избори одржани во Република Македонија. Генералниот впечаток е дека целата атмосфера помина во најдобар можен ред, оцени вечерва Илија Димовски, директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.
 
Според него, забележана е многу мала техничка неправилност во смисла на одредени недостатоци околу документацијата, но обемот на сето тоа е во исклучително мали димензии.
 
„Многу помалку од кога било досега. Во секој случај за нас овие избори се мирни, фер и слободни и демократски“, рече Димовски.