Самит на Нато

Турција се согласи да го крене ветото за влез на Шведска и Финска во НАТО

28.06.2022 22:00

Постигнат е договор меѓу Турција, Шведска и Финска кои се апликанти за членство во НАТО. Анкара се согласи. Министрите за надворешни на Турција, Шведска и Финска го потпишаа меморандумот под покровителство на генералниот секретар на НАТО, Столтенберг, Ердоган, Нии-Ниста и Андерсон...

Постигнат е договор меѓу Турција, Шведска и Финска кои се апликанти за членство во НАТО. Анкара се согласи. Министрите за надворешни на Турција, Шведска и Финска го потпишаа меморандумот под покровителство на генералниот секретар на НАТО, Столтенберг, Ердоган, Нии-Ниста и Андерсон.

Со тоа е исполнето барањето на Турција кое се однесуваше на безбедносната загриженост и се отвори патот за Стокхолм и Хелсинки за полноправно членство во Алијансата.

„Имам задоволство да соопштам дека постигнавме договор кој го отвора патот за прием на Шведска и Финска во НАТО. Турција, Финска и Шведска потпишаа меморандум во кој се земаат предвид турските грижи, како извоз на оружје и борбата против тероризмот“, кажа Столтенберг на Самитот на НАТО во Мадрид.