Македонија

Се предлага задолжително земјоделско осигурување

29.06.2022 09:06

Намалени приноси како резултат на климатските промени со зачестени мразови и град, како и штетите од поплави и од суши се повеќе ја наметнуваат потребата од создавање на системско решение за спас на родот и намалување на загубите. Министерството за земјоделство предлага, сегашното доброволно осигурување со субвенционирање на полисите, да стане задолжително...

Министерството за земјоделство подготвува Закон за задолжително осигурување во земјоделството.

Предлозите за системско решение треба да се реализираат со формирање на Фонд за земјоделско осигурување со усогласени надлежности и постапки во случај на штети од неповолните климатски услови.

Парите треба да се собираат во Фондот, а обесштетувањето да се исплаќа од склучените полиси.

Поголемиот број на земјоделски осигуреници, според осигурителните компании, треба да ја поевтини и цената на полисите.

Во изминатиот период, штетите од временските непогоди на полињата во одреден процент беа исплаќани од државниот Буџет и тоа на земјоделците кои не го осигурале производството.

Според министерството предложениот нов систем треба да ги замени досегашните ад-хок решенија со формирање на комисии, процена и обесштетување од страна на државата.

Лани биле склучени вкупно 3.800 договори за осигурување посеви и добиток со земјоделците, а само 370 со земјоделските компании.

 

Методија Трајков