РKE денеска треба да ja соопшти новата цена на струјата
Енергетските компании прикажале многу високи трошоци, но нема да им бидат признаени сите. Експертите согласни, струјата ќе биде поскапа, затоа што цената расте на глобалниот пазар, но добро е што ќе биде амортизирана, односно ќе биде пониска од реалната...

Денеска Регулаторната комисија за енергетика треба да ја соопшти новата цена на струјата, која ќе важи од 1-ви јули. Извесно е дека зголемувањето ќе биде над 10 проценти.
Енергетските компании прикажале многу високи трошоци, но нема да им бидат признаени сите.
Експертите согласни, струјата ќе биде поскапа, затоа што цената расте на глобалниот пазар, но добро е што ќе биде амортизирана, односно ќе биде пониска од реалната. Домаќинствата од следниот месец ќе бидат поделени во 4 блока. Тие што трошат најмногу, над 1 мегават, ќе плаќаат најскапо. Сепак, најголем дел од домаќинствата ќе влезат во вториот, односно третиот блок, каде, според надлежните, цената ќе биде прифатлива и незначително повисока.
Освен поскапа струја, од 1-ви август, граѓаните ги чека и поскапо парно.
