Свет
Шкотска: Референдум за независност во октомври идната година
29.06.2022 10:50
Шкотската премиерка Никола Старџен најави дека Парламентот ќе донесе мерка за организација на референдумот за независност од Велика Британија. За датум е избран 19 октомври 2023 година...

Шкотската премиерка Никола Старџен најави дека Парламентот ќе донесе мерка за организација на референдумот за независност од Велика Британија. За датум е избран 19 октомври 2023 година.
Британскиот премиер Џонсон смета дека ново гласање е непотребно бидејќи прашањето било решено на референдумот во 2014 година кога 55% од шкотското население одлучи да не се дели од Велика Британија.
