Објавен конкурсот за 13-тата Школа за млади лидери на Ѓорѓе Иванов
Оваа година, Школата за млади лидери ќе се организира комбинирано, онлајн и со физичко присуство, во периодот 16-ти до 30-ти септември 2022-ра година.

По 13-ти пат ќе се одржи традиционалната Школа за млади лидери на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов. Денес е објавен конкурсот за учество на Меѓународната обука за млади која оваа година ќе биде на тема „Морално лидерство“.
Меѓународната обука за млади лидери на проф. д-р Ѓорге Иванов традиционално се одржува од 2010-та година. Во досегашните 12 обуки учествуваа околу 480 млади луѓе од целиот свет со различен академски и професионален фокус. Пред дванаесетте генерации учесници на Школата за млади лидери, предавања одржаа над 240 реномирани предавачи од Република Македонија, Европа и светот. Во 2018-та година, Школата за млади лидери е прогласена за најдобар социјално одговорен проект во Европа за 2017-та година од страна на Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели.
Оваа година, Школата за млади лидери ќе се организира комбинирано, онлајн и со физичко присуство, во периодот 16-ти до 30-ти септември 2022-ра година.
Програмата е намената за млади луѓе со завршено високо образование до 35 години, дипломирани студенти и професионалци со работно искуство. Се очекува учесниците да имаат желба континуирано да ги развиваат и усовршуваат нивните лидерски вештини и да придонесуваат за позитивен развој на општеството и околината во која живеат и работат.
