Регионот за изборниот процес во Mакедонија
„Македонија избира претседател“, „Во Македонија почнаа претседателските избори“, ден на одлука“ се дел од насловите што се појавуваат во медиумите од регионот.

Српската радио телевизија со куса анализа се осврна на изборниот тек, а почетокот на гласањето го најави и бугарската БНТ. „Ал Џезеира“ балкан известува за излезеноста на македонските граѓани на првиот изборен круг, додека пак веб порталот за земјите од регионот „Балкан инсајт“ го опишува изборниот систем. За првпат по подолго време и француските медиуми пишуваат за изборите во македонија. И хрватските интернет портали излегоа со информации за денешното гласање. Пишуваат за изборниот процес и за новитетот што оваа година македонците во странство за првпат гласаат за претседател на 34 гласачки места во Европа, Африка, САД, Канада, Австралија и во Азија. Париските весници „Либерасион“ и „Паризиен“ со анализа за изборниот процес. На вториот изборен круг на 27 април, кога воедно се закажани и предвремените парламентарни избори го очекуваат одлучувачкото гласање на македонците. Од светските медиуми, американската „Еј-би-си“ говори за кандидатите и го објаснува начинот на избирање, којшто е многу поразличен од нивната земја. Изборот за претседател го најави и „Гласот на америка“ .
