Македонија

ССМ продожува со протестот, денска пред МИОА

29.06.2022 12:13

Сојузот на синдикати на Македонија и денеска на протест. Пред Министерството за информатичко општество и администрација повторени барањата за линеарно зголемување на платите за 2.806 денари и враќање на К-15...

Столчето на синдикалците пред Министерството за информатичко општество и администрација денеска остана празно да се пече на сонце. Никој не ги удостои претставниците на ССМ кои своите барања ги повторија пред зградата на поранешна „Нова Македонија“ каде што се наоѓаат канцелариите на министерот Адмирим Алити.

„Денеска го повикуваме министерот за информатичко општество кој е дел и беше дел од тој преговарачки тим, доколку навистина се стремат за нова методологија, за реформи во администрацијата, за нов закон за плати за административните работници, нека повели, ние сме пред неговото Министерство, нека ни го покаже, нека ни го достави доколку навистина има искрени намери и не се купува време. Доколку не, жешкото столче работничко го чека, денеска е министер, утре ќе стане обичен Министер како нас“, Дарко Димовски, претседател на ССМ.

Во 20 дена преговори и шест дена генерален штрајк, синдикалците успеаја да издејствуваат околу 1.300 административци од неколку општини јулската плата да ја земат повисока за 2.806 денари.

Утре се во Гостивар и Струмица каде што ќе потпишат договор со градоначалниците за прифаќање на нивните барања.

Штрајкот на работниците продолжува на нивното работно место.

Катерина Топалова