Џафери: Ако секој си седи на своето место ќе нема инциденти
Собранискиот спикер Џафери го осудува инцидентот што се случи на Комисијата за европски прашања. Вели дека не го оправдува однесувањето на претседателот на комисијата и негов сопартиец Арбр Адеми, но вината ја бара кај пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кои според него го испровоцирале инцидентот...

Собранискиот спикер Џафери го осудува инцидентот што се случи на Комисијата за европски прашања. Вели дека не го оправдува однесувањето на претседателот на комисијата и негов сопартиец Арбр Адеми, но вината ја бара кај пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кои според него го испровоцирале инцидентот.
„Ако секој си седи на своето место ќе нема инциденти“, потенцира на брифингот со новинарите претседателот на Собранието. Порача, јавноста да ја изгледа целата снимка, за да има увид кој го испровоцирал претседателот на Комисијата за европски паржања, тој да фрла со филџани, тацни и шишиња по опозициските пратеници.
Утре на нова пленарна седница е интерпелацијата за Џафери, поднесена од ВМРО-ДПМНЕ. Тој не очекува инциденти во текот на расправата. Уште еднаш појасни дека предлогот на опозицијата да се разгледа францускиот предлог и преговарачката рамка со Бугарија го одбил, бидејќи немало подготвени материјали за дебата.
