Македонија

Во Собрание расправа, дали во Македонија се живее добро

29.06.2022 14:53

Во Македонија не се живее добро, време е за оставки и за предвремени избори, ВМРО-ДПМНЕ директно кон Ковачевски. Од партијата со став - загрозени се идентитетот, јазикот и културата. Не е време за предвремени избори. Владата го брани националниот идентитет, одговори премиерот. Опозицијата и со прашање до министерката за култура дали ќе го разреши државниот секретар Азири кој преку социјалните мрежи повикуваше на насилство…

Дали во Македонија се живее добро и дали смета премиерот дека е време за предвремени избори, праша опозицијата и образложи - земјава се наоѓа пред национална катастрофа, со загрозен идентитет, јазик и култура. Економијата е поразителна.

За премиерот Ковачевски опозицијата, во економијата ги гледа само лошите параметри, но не и субвенциите, помошта за најранливите, покачувањето на минималецот. Ковачевски дециден, сите во Владата го бранат националниот идентитет.

Опозицијата и со прашање дали министерката за култура ќе го разреши државниот секретар Азири, кој преку социјалните мрежи повикуваше на насилство.

Пратенички прашања до Ковачевски и неговиот тим и за економската и енергетската криза. Од Владата уверување-земјава има доволно храна и енергенси.

Миле Ристески