Македонија

Од состојбата во Собранието зависи изборот на обвинители за 11 обвинителства

29.06.2022 15:10

Од состојбата во Собранието зависи изборот на обвинители за 11 обвинителства. Доколку не бидат изгласани измените на Законот за работни односи на јавните обвинители кои согласно сегашниот закон треба да одат во пензија нема да им биде овозможено да продолжат со работа, вели првиот човек на советот Антонио Јолевски. Тој се пожали дека советот нема ингеренции како судскиот за да може да ги санкционира обвинителите кои се огрешиле пред законот. Тие постапуваат само откако е поведена дисциплинска постапка...

„Од изгласување или не, на измените на одредбите од Законот за работни односи зависи изборот на обвинителите во 11 обвинителства“, вели претседателот на советот на јавни обвинители, Јолевски.

„Според сегашните одредби обвинителите би требало да одат во пензија и со тоа нема да можат да ја вршат веќе својата функција“, додава Јолевски.

Втората причина поради која не се направил изборот е фактот што не е завршено оценувањето на кандидатите.

И оценувањето, не е завршено, вели Јолевски, особено за вишото обвинителство во Штип каде кандидати се обвинители од тоа обвинителство. Уште повеќе што и сегашниот јавен обвинител по закон мора да ги прави оценувањата на останатите Јолевски се пожали дека тие немаат ингеренции како Судскиот совет при санкционирање на обвинителите кои се огрешиле пред законот.

До крајот на годината, ако не се изгласаат измените на законот за работни односи кој е со европско знаменце во собрание и се гласа по скратена постапка, ќе треба во пензија да заминат 13 обвинители.

Фиљана Кока