ЕУ внимателно го следи изборниот процес во Македонија

13.04.2014 20:29

Официјалниот став на Европската комисија ќе може да го очекуваме најрано утре попладне...

Европската унија многу внимателно ги следи изборниот процес и изборната кампања во Република Македонија. Официјалниот став на Европската комисија ќе може да го очекуваме најрано утре попладне. Од канцеларијата за проширување на Европската комисија велат дека првиот коментар за денешните претседателски зибори ќе можат да го дадат откако целиот процес ќе биде завршен и откако ќе го добијат извештајот на набљудивачката мисија на ОБСЕ. 
 
За МРТ, портпаролот Петар Стано експлицитно објасни дека ова е стандардна процедура за сите држави партнери на ЕУ.
 
Инаку, вчера се гласаше и во центарот на Европската унија, избирачко место 5003 во Брисел, во амбасадата на Република Македонија во Белгија.  Од вкупно запишаните 98 во избирачкиот список, својот глас го дале 71 лице. 
 
Избирачкиот процес се одвиваше во фер и демократска атмосфера, без нерегуларности и забелешки од страна на изборната комисија, информираше претседателот на избирачкиот одбор Даим Иљази. 
 
Иако гласовите веќе се препроени и познат е резултатот, од избирачкиот одбор не упатуваат до ДИК, со што официјално ќе се знае за кого македонските државјани, кои живеат и работат во странство го дале својот глас во изборната единица 7 за Европа и Африка. 
 
Марина Стојанова- Тонева