Воз прегазил мигранти во гевгелиско
Товарен воз кој сообраќал на релација Железничка станица Гевгелија – Товарна Трубарево удрил во две лица, мигранти, коишто лежеле на пругата. Двете лица од здобиените повреди починале на местото на несреќата...

Товарен воз кој сообраќал на релација Железничка станица Гевгелија – Товарна Трубарево удрил во две лица, мигранти, коишто лежеле на пругата. Двете лица од здобиените повреди починале на местото на несреќата.
Од гевгелиската полициска станица информираат дека несреќата се случила рано утрово околу 2:20 минути, но иако првично е потврдено дека се мигранти, сепак нема официјална потврда затоа што немале никакви документи за идентификација.
Вообичаено, мигрантите кои илегално ја преминуваат границата, најчесто од страна на полициските службеници се откриваат и враќаат во ТЦ Винојуг кај Гевгелија, кој во моментов е со околу 30 тина мигранти, кои се обиделе преку земјава да заминат кон западно европските земји.
Изминатите 4 години бројот на илегални премини е варијабилен, најголем број спречени илегални премини на нашата јужна граница е во 2020-тата година, статистиката регистрира околу 32.100 илјади мигранти. Додека пак на годишно ниво се отвораат и кривични пријави на околу 200 криумчари. Голем дел од мигрантите се враќаат во транзитниот центар кај Гевгелија, при што статистички најголемиот дел од лицата потекнуваат од Авганистан, Пакистан, Бангладеш Индија а потоа следуваат земјите од Блискиот исток и северна Африка.
Стојне Митева
