Свет

Филипини: Маркос јуниор положи заклетва како претседател

30.06.2022 10:01

Фердинанд Маркос Јуниор, познат како „бонгбонг“, победи на изборите на 9-ти мај ветувајќи повеќе работни места, пониски цени и инвестиции во земјоделството и инфраструктурата.

Фердинанд Маркос Јуниор положи заклетва како 17-ти претседател на Филипините, враќајќи една од најозлогласените политички династии во земјата во палатата Малакањанг, 36 години откако неговиот татко беше соборен во народното востание.

Маркос јуниор, познат како „бонгбонг“, победи на изборите на 9-ти мај ветувајќи повеќе работни места, пониски цени и инвестиции во земјоделството и инфраструктурата.

Критичарите велат дека неговото доаѓање на власт е кулминација на повеќедеценискиот обид за ребрендирање на името и имиџот на семејството Маркос, неодамна преку преполна кампања на социјалните мрежи.