САД
Стотици евакуирани поради пожар во Калифорнија
30.06.2022 10:12
Пожарот „Рајс“ се шири во округот Невада, на околу 120 километри североисточно од Сакраменто. Пожарникарите го гаснат пожарот од земја и од воздух...

Стотици луѓе се евакуирани поради ширењето на шумскиот пожар во американската сојузна држава Калифорнија.
Пожарот „Рајс“ се шири во округот Невада, на околу 120 километри североисточно од Сакраменто. Пожарникарите го гаснат пожарот од земја и од воздух. Тројца од нив се испратени во болница откако се здобиле со повреди предизвикани од топлина.
