Амнести: Русија извршила воено злосторство во Мариупол
По одлуката за влез на Финска и Шведска во НАТО, Путин со закана кон двете нордиски земји. Изјави дека Русија ќе одговори на свои начин. Стигна извештајот на Аманети Интернешнл за убиствата во украинскиот град Мариупол. Руските сили извршиле воено злосторство, покажува извештајот. Експерти ги испитувале фотографиите, видеата и сателитските снимки од местото на злосторството, а се користени и изјави од очевидци...

Извештајот на Амнести Интернешенл открива дека Русија извршила „јасно воено злосторство“ во Мариупол. Собраните докази сугерираат дека Русија намерно го гаѓала театарот во кој цивилите биле засолнети на 16-ти март.
„Досега зборувавме за наводно воено злосторство. Сега можеме јасно да кажеме дека тоа е извршено од руските вооружени сили“, изјави Оксана Покалчук, шеф на украинскиот огранок на Амнести.
Во извештајот се користени изјави од 52 преживеани и сведоци за воздушниот напад. Експертите ги испитувале фотографиите, видеата и сателитските снимки од местото на настанот. Утврдиле дека небото е доволно ведро за пилотот да го види зборот „деца“ испишан со големи кирилични букви на зградата.
На истокот на Украина, борбите се интензивираат. Неколку проектили го погодија градот Миколаев. Продолжи битката и на југот. Во меѓувреме, извршена и најголемата размена на воени заробеници.
„Вративме дома 144 украински борци од руско заробеништво. Најмладиот е 19 години. 95 бранители на Азовстал се враќаат дома“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
„Сакам да им кажам на моите најблиски дека наскоро се враќам дома. Искрено, преплавен сум од емоции“, рече Артур Липка, украински војник.
По поканата за членство на Финска и Шведска во НАТО на самитот во Мадрид, реакција на рускиот претседател Путин. Вели дека нема проблем со нивното членството во Алијансата, но доколку НАТО распоредат трупи во скандинавските земји, Москва ќе одговори.
„Немаме за што да се грижиме во однос на членството на Финска и Шведска во НАТО, но ако таму се распоредат воени контингенти и инфраструктура, ќе мора да одговориме како огледало“, порача Владимир Путин, претседател на Русија.
Рускиот претседател Владимир Путин и натаму сака да освои најголем дел од Украина, тврдат американските разузнавачи. Сепак, според нив, руските трупи моментално се ослабнати од борбите и можат да направат само мал територијален напредок.
Бојана Крстевски
