Тупанчески: Неизгласувањето на Законот за работни односи ќе доведе до застој на судските постапки
Ако не бидат изгласани измените во Законот за работни односи на повеќе од 60 судии и 13 обвинители од утре ќе им престане работниот век, предупреди министерот за правда Тупанчески. Повика да се изгласаат измените, за да не дојде до застој на судските и обвинителските постапки…

Доколку не бидат изгласани измените во Законот за работни односи на 60 судии и 13 обвинители од 1-ви јули ќе им престане работниот век.
„Тоа е комплексна проблематика со своја генеза за која беа во опција три решенија“, изјави министерот за правда Тупанчески.
„Од тоа да се даде можност на адвокати и стручни соработници да се дообучат за судии и обвинители, или да се зголеми бројката на слушатели во академијата се избра ова решение преку измени во законот да им се продолжи за три години работниот век за да не дојде до последици по судските и обвинителските постапки“, додаде Тупанчески.
Одговорајќи на новинарско прашање за состојбите со изборниот законик, министерот посочи дека е испратен уште еден допис до опозициската ВМРО ДПМНЕ да делегира свој член, но доколку не се произнесат тие ќе почнат да работат на измените на Iзборниот законик и без ВМРО ДПМНЕ.
Министерот за правда Никола Тупанчески, неколкупати упатуваше покана до опозицијата за да ѝ се приклучи на комисијата. Но од ВМРО-ДПМНЕ сè уште не одговориле дали и со кого ќе учествуваат за да се отстранат дефектите него.
Фиљана Кока
