ДИК: Иванов води пред Пендаровски, Халими и Поповски
Досега се процесирани 21,16% од избирачките места, односно 743 од вкупно 3.512...

Според досега обработените податоци на Државната изборна комисија, достапни на нејзината интернет страница, за кандидатот за претседател поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, гласале вкупно 46.977 избирачи, што е 2,64% од запишаните избирачи во Избирачкиот список, односно 50,60 % од гласовите според досега пристигнатите податоци во комисијата.
За кандидатот поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски, според досега пристигнатите пдоатоци во ДИК гласале 30.338 гласачи, што е 1,70% од вкупното гласачко тело, односно 32,67% од досега пристигнатите гласови во ДИК.
За Иљаз Халими, претседателскиот кандидат на ДПА, според досегашните податоци на интернет страницата на ДИК, гласале 9.753 гласачи, што е 0,55% од вкупното гласачко тело, или 10,50% од досега преброените гласови.
Зоран Поповски, кандидатот на ГРОМ, според досега преброените гласови на ДИК, поддржан е од вкупно 3.439 гласачи, што е 0,19% од избирачкото тело, или 3,70% од досега преброените гласови.
Досега се процесирани 21,16% од избирачките места, односно 743 од вкупно 3.512.
Официјалните резултати од ДИК се очекуваат утре.
