Македонија

163 нови случаи на Ковид-19

30.06.2022 14:39

Во последните 24 часа направени се 922 тестови, а регистрирани се 163 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 85, Охрид – 15, Битола – 12, Прилеп и Велес – по 9, Куманово – 8, Струмица – 4, Тетово, Кавадарци и Штип – по 3, Кочани, Струга, Делчево и Виница – по 2, Гостивар, Радовиш, Пробиштип и Богданци – по 1...

Во последните 24 часа направени се 922 тестови, а регистрирани се 163 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 85, Охрид – 15, Битола – 12, Прилеп и Велес – по 9, Куманово – 8, Струмица – 4, Тетово, Кавадарци и Штип – по 3, Кочани, Струга, Делчево и Виница – по 2, Гостивар, Радовиш, Пробиштип и Богданци – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (163), регистрирани се 24 реинфекции.

Регистрирани се 110 оздравени пациенти од: Скопје – 67, Охрид – 13, Битола и Кавадарци – по 6, Куманово – 5, Струмица – 4, Штип – 3, Прилеп и Струга – по 2, Тетово и Велес – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин регистрирани се две починати лица од Скопје (68 г и 73 г), починати на ден 05.06.2022 во домашни услови. Досега во земјата се направени вкупно 2.081.796 тестирања на КОВИД-19, соопштуваат од Министерство за здравство.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 314.018, бројот на оздравени пациенти е 303.893, на починати е 9.325, а бројот на активни случаи изнесува 800.